Почина поранешниот француски претседател  Валери Жискар Дестен

235

Во периодот меѓу 1962 година и 1974 година, во два наврата, Дестен беше министер за финансии и економија, еден од најдобрите во 20 век во Франција, а седум години по ред, нејзин претседател. Тој ќе биде запомнет по дозволување развод со заедничка согласност и легализирање на абортусот, како еден од архитектите на европската интеграција, но и по бројни афери

Поранешниот претседател Валери Жискар Дестен почина во средата на 94-годишна возраст, објави неговото семејство. Почина „опкружен со семејството“ на неговиот имот во Автон во Лоар-ет-Шер. Тој почина „по заболувањето од ковид“, рече неговото семејство, јави дописникот на МИА. Во текот на изминативе месеци Дестен неколку пати беше хоспитализиран во болницата поради кардио- васкуларни проблеми.

Најмладиот претседател на Петтата република кога беше избран во 1974 година, Валери Жискар Дестен, еден од последните јавни настапи ги имаше на 30 септември 2019 година за време на погребот во Париз на Жак Ширак, кој беше негов премиер од 1974 до 1976 година.

Валери Жискар Дестен имаше само 48 години кога беше избран во 1974 година, победувајќи го Франсоа Митеран. Тогаш тој сакаше да биде инкарнација на триумфална модерност, што произлегува од либералната десница и демохристијани кои ја изградија повоената Европа.

Роден е во Германија во 1926, каде неговиот татко работел како административен службеник по Првата светска војна. Политехничар и Енарк, од големо буржоаско семејство, Валери Жискар Дестен влезе во владата во 1959 година, множејќи ги министерските места во економијата и финансиите во 1960-тите и 1970-тите години. Но, Дестен беше погоден од неговиот лордовски начин на живот. По скандалот со дијамантите подарени од страна на императорот Бокаса од Централно африканската република, во 1981 тој загуби на претседателските избори од Франсоа Митеран.

Досието на Дестен има повеќе дамки. Додека беше претседател беше изложен на подбив поради откривањето на неговата ноќна екскурзија со претседателскиот автомобил во пет часот наутро, како и острите критики околу дијамантите што ги добил на подарок од Жан-Бедел Бокаса, самоименуван император на Централната Африканска Република и наводен канибал.

Во финансиите, тој ја чинеше Франција богатство кога издаде обврзници чијашто вредност беше еднаква со онаа на златото кое во периодот на издавањето имаше ниска официјална цена, но се зголеми неколку пати кога трезорот требаше да ги исплати сопствениците на обврзниците. Сепак, колку и да изгледа управувачки рамката околу него, Дестен претседателствуваше со „втората индустриска револуција” во Франција, во периодот од 1969-74 година.

Дури и во одминати години тој беше важен играч. Убеден Европеец, во 2001 година го презеде кормилото на Конвенцијата за Европа, одговорен за изготвувањето на европскиот устав, кој ќе биде отфрлен на референдум. Брилијантен економист, автор на повеќе книги, тој беше избран во 2003 година во Француската академија.

Дестен беше познат по тоа што управуваше со модернизација на француското општество за време на неговото претседателствување, вклучително и дозволување развод со заедничка согласност и легализирање на абортусот, и беше еден од архитектите на европската интеграција.