Почина познатата актерка и политичарка – двојната оскаровка Гленда Џексон

139

Двократната добитничка на Оскар и поранешна пратеничка од лабуристите, Гленда Џексон, почина на 87-годишна возраст „по кратко боледување“, соопшти денеска нејзиниот портпарол.

Ѕвездата на „Вљубените жени“, која се откажа од својата актерска кариера во 1992 година за да служи во Парламентот повеќе од 20 години, почина по „кратко боледување“ во нејзиниот дом во Блекхит, југоисточен Лондон.

По напуштањето на пратеничката функција во 2015 година, таа триумфално се врати на ТВ екраните во продукцијата „Елизабет е исчезната“ од 2019 година, во која глумеше постара жена која боледува од раните фази на деменција.

Нејзиниот агент Лајонел Ларнер изјави: „Гленда Џексон, двократната актерка и политичарка, добитничка на Оскар, почина мирно во својот дом во Блекхит, Лондон, утрово по кратко боледување со семејството покрај неа.

Таа неодамна го заврши снимањето на „Големото бегство“, во кое глумеше со Мајкл Кејн.

И покрај нејзината успешна кариера, која вклучуваше и две Еми награди и награда Тони, Џексон претходно изјави дека никогаш не била заинтересирана за социјалните и гламурозните аспекти на индустријата.

Двократната оскаровка пред повеќе од четврт век се откажа од актерството за политика и 23 години беше пратеник на Лабуристите.

Во 1992 година, таа беше избрана за пратеник на Лабуристите за Хемпстед и Хајгејт и беше помлад министер за транспорт од 1997 до 1999 година за време на владата на Сер Тони Блер.