Потпишан Договор за заемна правна помош во граѓански предмети со Косово

27

Министерот за правда Бојан Маричиќ заедно со неговата косовска колешка Албулена Хаџиу денеска во Приштина потпишаа Договор за заемна правна помош во граѓанските предмети, со кој значително ќе се олесни правниот сообраќај меѓу двете земји, соопшти Министерството за правда.

„Нашите две земји ги поврзува добра економска и политичка соработка. Сепак, најдобар мост меѓу двете земји се луѓето кои се многу поврзани и секојдневно комуницираат. Наша задача како политичари е да направиме сè што можеме да го олесниме нивниот живот. Денешната посета и потпишувањето на Договорот за заемна правна помош во граѓанските предмети, најдобро говорат дека водиме политики со кои го олеснуваме пристапот до правда и ги поедноставуваме судските процедури за граѓаните на двете земји“ – истакна Маричиќ.

Со Договорот за заемна правна помош во граѓанските предмети се воспоставува и дипломатскиот пат на комуникација, кој ќе овозможи побрза и поефикасна граѓанска постапка и ќе се дозволи директна комуникација меѓу надлежните органи на двете земји, со цел брз одговор од институциите без претходно да е задолжително процедурите да минуваат преку министерствата за правда.

(И.С)