Потврдено: Убиецот на Мартин Нешковски една година не е во затвор

192

Осудениот за убиството на Мартин Нешковски, Игор Спасов не е во затвор затоа што се лекува, потврдуваат од Управата за извршување на санкции. Според информациите тој е на лекување речиси една година. Судот му го продолжувал отпустот во неколку наврати.

-Осудениот Игор Спасов почнувајќи од 29.08.2018 година, до денес се наоѓа во прекин на издржувањето на казната затвор, кој му е одобрен со решение на Основен суд Штип и првично требало да трае два месеци до 22.10.2018 година. Но, потоа истиот суд му го продолжува прекинот на казната од 22.10. 2018 до 17.12.2018 година, па со ново решение му го продолжил до 17.12.2018 до 18.02.2019 година, како и одново од 18.02.2019 до 18.05.2019 година, за да последен пат му биде продолжен од 18.05.2019 до 18.08.2019 година кога треба да се врати во КДП Идризово на доиздржување на остатокот од казната, информираат од Управата за извршување на санкции,пренесува Фактор.

Спасов е осуден на 14 години затвор за убиство на Мартин Нешкоски за време на прославата на ВМРО-ДПМНЕ по изборите во 2011 година.