Порно-актерката, Лиза Ен, откри дека НБА кошаркарите и се омилени и дека секоја година прави список на кошаркари од драфтот.

Познатата американска актерка во филмовите за возрасни, која води и нејзин спортски подкаст, пред неколку години изјави дека најмногу ја сака кошарката, иако се интересира и за другите спортови. Но, очигледно спортистите и во прв план.

  • Сигурна сум со спортистите, бидејќи знам дека нема да ме претепаат или прогонуваат. Ниту еден спортист не се однесувал грубо со мене. Тие имаат повеќе да загубат од мене. Ги заработив парите што ми беа потребни, па затоа сега имаме врска во која сите знаат што добиле и никој не се чувствува оштетен, изјави Ен во интервју за еден американски магазин.

Посебно задоволство и е што ја избирале неа, наместо познатите манекенки.

  • Иако сум повозрасна, ги пикирам момците кои имаат 18, 19, 20 години… Телата им се убави, тие се на почеток на животот, па се уште се возбудени, наивни и едноставни. Сеуште нема негативности во нив , ниту его. Никогаш не се уморни и се само забавни, открива Лиза Ен.

Познатата порно-актерка сега има 49 години и признава дека била со „стотици“ професионални спортисти, а на прашањето како избира кошаркари, рекла дека понекогаш донесува одлука додека го следи драфтот. Таа го откри и името на играчот кој се посрамотил и решил да ја избрише од социјалните мрежи.

  • Понекогаш го гледам драфтот во НБА и си велам – ОК, сакам да бидам со првите три пикови од оваа година. Тоа е само моја победа и ништо повеќе. Тоа го правам само за забава. Во секое време сум во контакт со стотина спортисти. Си пишуваме на социјалните мрежи, на мејлови… Од тие стотина, можеби запознав 25. Но, останувам во контакт со сите затоа што сум им фан. Ако некој спортист ме заследи на Твитер, веднаш потоа ми го праќа неговиот телефонски број во инбокс бидејќи не може да дозволи луѓето да го видат како ме следи. Пред неколку години, Кевин Дурант ме следеше и не ни знаев за тоа. Штом се дозна, ме избриша, вели порно-актерката.