На велосипедската трка што се одржа на Канарските Острови се случи бизарен инцидент кој резултирал со две повредени лица, пишува англиски „Дејли стар“.

Имено, на видеото кое се појави на интернет се гледа како на неколку метри од целта, лидерот на трката удира жена која во тие моменти решила да се фотографира со својот мобилен телефон, но наместо „селфи“ налета на залетаниот велосипедист кој неколку метри го делеа од победа.

Како што пишува британскиот весник, лекарите се борат за нејзиниот живот, а хоспитализиран е и велосипедистот, но неговата состојба не е критична.