Холанѓанецот Макс Верстапен (Ред Бул) со победата во САД направи крупен чекор во походот кон титулата во Формула 1. Тој ја зголеми предноста во генералниот пласман во однос на актуелниот шампион Луис Хамилтон (Мерцедес) на 12 бода.

  • Следуваат две патеки кои многу им одговараат на возачите на Ред Бул, така што ќе биде тешко за нас. Ни останува да се обидеме да ја минимизираме разликата во споредба со нив и да видиме дали можеме подобро да ја завршиме работата. Се обидувам да не размислувам за тоа во моментов. Јас живеам во моментот и ќе одам трка по трка, истакна Британецот.

До крајот остануваат уште пет трки, а следниот настан ќе се одржи во Мексико на 7 ноември.