Петгодишно дете најмлада жртва од Ковид-19 во Албанија

58
Петгодишно дете почина како последица од комлликации со Ковид-19, што е најмладата жртва од опасниот вирус во Албанија.
Според албанските медиуми детенцето било на болнички третман осум дена во болницата во Саранда, по што било транспортирано во болницата во Тирана.
-Поради влошената состојба потоа беше  транспортирано за поспецијализиран третман во Турција, но  момченцето со иницијали М.Н. не успеа да го победи невидливиот непријател и почина во болница во Турција, наведува Ора њуз.
Детето имало голема тежина, околу 54 килограми.
Според официјалната статистика на Министерството за здравство детето од Саранда е 2.881 жртва од Ковид- 19 во Албанија, каде од почетокот на пандемијата во март минатата година опасниот вирус е дијагностициран кај над 800 деца.