Помпео ја ограничува планираната посета на Азија

58

Американскиот државен секретар Мајк Помпео одлучи да го ограничи патувањето во Азија на посета на Јапонија од 4 до 6 октомври, соопшти Стејт департментот.

Според соопштението, Помпео ќе го посети Токио, каде има намера да одржи средби со министрите за надворешни работи на четиристраниот дијалог за безбедност (QUAD), во кој, покрај САД, учествуваат Австралија, Индија и Јапонија. Претходно беше објавено дека од 4 до 8 октомври Помпео ќе ги посети, покрај Јапонија, и Монголија и Јужна Кореја, каде закажа средби со „високорангирани функционери“.

Стејт департментот истакна дека Помпео во октомври повторно ќе ги посети азиските земји. Во тек е организација на оваа посета. Претходно во саботата, шефот на американската дипломатија посочи дека се уште планира да оди на турнеја во Азија, закажана за 4 октомври, и покрај тоа што американскиот претседател Доналд Трамп е заразен со новиот коронавирус.