Саманта Меркл, полусестрата на Меган Меркл ја тужи сопругата на принцот Хари  поради наводни лажни изјави во интервјуто кај Опра Винфри во кое гостуваа заедно Меган и принцот Хари.

Саманта поднела тужба на Флорида и ја обвинува војвотката од Сасекс за клевета „врз основа на лажни и злонамерни изјави“ кои Меган ги дала во интервјуто што го гледаа милиони луѓе насекаде низ светот. Саманта, која со Меган има заеднички татко Томас Меркл, тврди дека наводните лаги на војвотката од Сасекс се „смислени за да ја уништат нејизината репутација“ и дека поради тоа таа била подложена на „понижување, срам и омраза во светски рамки“, се наведува во документите што ги објави Fox News.

Саманта тврди дека Меган лажела дека е „единствено дете“ и за тоа кога ја видела Саманта последен пат. Исто така полусестрата тврди и дека Меган лажела дека Саманта го сменила презимето го Меркл откако Меган почнала да се гледа со принцот Хари.

Таа ја обвинува Меган и дека нанела штета на репутацијата на нивниот татко „за да го сочува и да го промовира лажниот наратив – од сиромашна до принцеза“. Саманта тврди дека Меган лажно оставила впечаток дека побегнала од сиромаштијата и работела за да го плати своето образование на Универизтетот Нортвестерн.

„Обвинетатат не била присилена на возраст од 13 години да работи на слабо платени работни места за да составува крај со крај; обвинетата посетуваше елитни и скапи училишта и часови по танц во Лос Анџелес кои ги плаќаше нејзиниот татко. Томас Меркл исто така го плати и нејзиното факултетско образование на Нортвестерн, вклучувајќи ја школарината, киријата и трошоците за живот. Дури зеде и заеми за да ги покрие трошоците“ – тврди Саманта Меркл.

Во тужбата полусестрата од Меган бара отштета од над 75 илјади долари.

Адвокатот на Меган, Мајкл Крамп, за тужбата рече дека е без основа.

„Оваа апсурдна тужба без основа само е продолжение на вознемирувачкото однесување. Ќе му посветиме мининално потребно внимание, што е се што заслужува“ – изјави Крамп.