Уникатна велигденска декорација ги запали мрежите: Розите од јагоди собраа 4 милиони прегледи/ВИДЕО

171
Printscreen/Youtube

Розите од јагода лесно се прават, а одлично ќе се вклопат во велигденската декорација на празничната трпеза.

Сезоната на јагоди е во тек, а освен што ова овошје можете да го јадете посебно или да направите овошна салата, одлично се вклопува и во десертите. Јагодите се вкусни и мирисаат фантастично, па се совршен избор за торта или колач.

Се ближи Велигден, најрадосниот христијански празник, а сигурно сте размислувале како ќе изгледа празничната трпеза. Доколку сакате да ја разубавите со украси кои сами сте ги направиле, ви предлагаме да се обидете да направите рози од јагоди.

Навистина лесно се прават и се тотален хит на социјалните мрежи.

Ова видео има над 4 милиони прегледи на Јутјуб, а доколку сакате да научите како да направите рози од јагоди, сѐ што треба да направите е да почнете да сечете од горе кон долу. Малку засекувате, а кога ќе стигнете до средината – издлабнувате. Погледнете го и видеото за да ги видите сите чекори.