Политичар понудил 1.2 мил. евра за да и ја земе невиноста на Лаура

225

Дваесет годишната Британка Лаура неодамна ја понудила својата невиност на аукција, со што го привлекла интересот на членовите на лондонската елита, меѓу кои и на богат политичар.

Така барем пишуваат локалните медиуми, кои понатаму наведуваат дека Лаура се пријавила на веб-страницата на „Пепелашка придружба“, каде што многу млади девојки се надеваат дека ќе заработат од својата невиност.

Моменталната понуда за Лаура е милион и двесте илјади евра.

“Ја продавам мојата невиност затоа што сакам да живеам луксузен начин на живот. Сакам самостојно да ги финансирам студиите и да и помагам на мајка ми со хендикеп”, рекла атрактивната млада Британка.

За да се увери дека таа е вистинска девица, победникот на аукцијата ќе може да донесе лекар со себе, а од правни причини ќе мора да се сретне со Лаура во Германија.

“Јас сум на мислење дека секоја жена треба да има право да одлучува што сака да прави со своето тело без осуда од другите луѓе. Моментално сум на универзитет и верувам дека овие пари ќе ми помогнат да се фокусирам на моето образование. Планирам дел од средствата да ги искористам за да започнам сопствен бизнис“, рече таа.

Што се однесува до анонимниот политичар, тој беше оној кој се распрсна со понудата од милион и двесте илјади евра, а дали Лора на крајот ќе го направи прв маж, веројатно ќе се знае за некој ден.