Момчињата дошле до идеја да го киднапираат Исус и да бараат откуп

80

Некој на шега би рекол дека ни бандитите не се тоа што беа. А дуото од насловната фотографија дошло до идеја да ја украдат фигурата на бебето Исус и да побараат откуп преку TikTok.

Киднаперите им рекле на властите на шпанската општина Сант Висен дел Распеиг (Аликанте) дека ќе го ослободат „заложникот“ дури откако ќе добијат две илјади евра, а при нивното бизарно обраќање ја повикале локална полиција и ја информирале дека не се грижела доволно за ликот на Синот Божји, кој дотогаш се наоѓал во една од градските сокаци.

И покрај тоа што за време на објавата ги сокриле лицата и го сменија гласот, полицијата благодарение на помошта на граѓаните брзо влезе во трага на крадците и во вторникот ја извести јавноста дека проблемот е решен.

Разбојниците на возраст од 19 и 21 година се уапсени и приведени, додека фигурата на Исус била пронајдена во контејнер без оштетувања.

Градскиот совет на Сант Висент дел Распег изрази жалење за инцидентот, додека градоначалникот Пачи Пасквал им се заблагодари на граѓаните за соработката.

„Вечерва Исус спие со нас. И ако не ги добиеме парите што ги бараме, ќе му наштетиме“, рекоа чудните разбојници.