Пожар во Парламентот на Ерменија

42

Пожар денеска избувна во административната зграда на Националното собрание на Ерменија, соопштија локалните медиуми.

За гаснење на огнот биле ангажирани 15 противпожарни возила, а пристигнале и групи од националниот кризен центар и медицински екипи.

Пожарот бил локализиран и нема информации за евентуални повредени, ниту пак за обемот на причинетата материјална штета.