Под сликата на Да Винчи пет века било скриено друго ремек дело

213

Под една од најпознатите слики на италијанскиот сликар Леонардо да Винчи „Богородица во пештерата“, откриен е цртеж кој се крие повеќе од 500 години, соопШтија од Националната галерија во Лондон. Научната анализа на сликата ја откри оригиналната композиција која Да Винчи ја насликал, а потоа се откажал пред да го наслика делото на кое луѓето му се восхитувале со векови.

Во соопштението се вели дека бил откриен оригиналниот нацрт на ангелот и бебето Исус Христос, како и отпечатоците од уметникот или асистентот.

На сликата е сменета позицијата на главата на бебето Исус за да се види од профил, додека некои делови од кадравата коса на ангелот се отстранети, пренесува Си-Ен-Ен.

„Во првобитниот цртеж обете фигури се наоѓаат во повисока позиција, а ангелот глеа во бебето Христос со многу посилна прегратка“, велат од галеријата.

Експертите тврдат дека нацртите се појавиле затоа што биле изработени од материјал што содржи цинк, кој може да се види под рентген.

По повод ова откритие, галеријата објави нова изложба под наслов „Леонардо: Искусете го ремек-делото“, која ќе биде отворена на 9 ноември.

Годинава се одбележува 500-годишнината од смртта на Да Винчи, уметник, научник и изумител, една од најтрајните фигури во светската уметност.