Подгответе ги стапалата за сандали – една банана може да направи чудa

80

Многу практичен трик со кора од банана може да направи чудо за вашите стапала. Аминокиселините и витамините со кои е богато ова овошје предизвикуваат испуканите и суви стапала брзо да станат мазни и меки.

Исушете ги нозете, а потоа истријте ги со внатрешноста на кора од банана. Исплакнете ги со млака вода или измијте ги во кадичка со вода во која сте ставиле малку прашок за пециво.

Нанесете лосион што вообичаено го користите и облечете суви чорапи.

Кората од банана содржи супстанции кои ќе ја негуваат и омекнуваат вашата кожа. Значи, ова овошје ќе стане добар сојузник за негата на вашите стапала, без да одите на педикир.