Поголема плата за Одои

74

Лондонскиот премиерлигаш Челзи планира во следните неколку недели да ја продолжи соработката со големиот талент Калум Ходсон-Одои.

До почетокот на новата сезона, репрезентативецот се жалеше на минутажата и на односот кој го имал со Маурицио Сари, но откако клубот стави крај на соработката со италијанскиот стручњак, Одои повторно делува максимално среќен на зелениот терен.

Гигантот од „Стемфорд Бриџ“ му нуди нов договор со важност до 2024 година и неделна плата од 120.000 фунти.