Пожар во кумановско Проевце, гореше сува трева

81

Три противпожарни возила и десетина пожарникари од кумановската противпожарна единица попладнево повеќе од два часа интервенираа на пожар во кумановско Проевце.

Пожарот во кој е гореше сува трева и деградирани растенија во територијалната противпожарна единица бил пријавен во 15 часот.

Пожарот е ставен под контрола и е локализиран. Останува уште една екипа во горниот дел од зафатената површина, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.