Словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар (22) е победник на 107. издание од велосипедската трка Тур де Франс. Погачар кој вози за тимот на УАЕ, на претпоследната етапа успеа да ја надополни негативата од една минута во однос на својот сонародник Примож Роглич и да направи сензација.

Последната етапа која се возеше вчера,  беше само ревијална, на која младиот Словенец го испи шампањот и беше официјално прогласен за победник на Елисејските полиња.

Погачар е вториот најмлад победник во историјата на Туд де Франс.

Примож Роглич беше голем фаворит за победа на 19. етапа, која се возеше на хронометар во должина од 36,2 километри. Покрај тоа имаше и 57 секунди предност во однос на Погачар и требаше да се случи чудо за да ја загуби жолтата маичка.

Но, чудото се случи. Погачар неверојатно го извози брдскиот хронометар (55.55), а Роглич заврши на петтото место со заостанување од 1.56 минути. Втор на оваа етапа заврши Думулан, трет беше Порт, а четврти Вут ван Аерт.

По завршувањето на етапата Погачр има предност од 59 секунди во однос на Роглич и 3.30 од третопласираниот Порт.