Фаќачот Робер Вудс и во наредните четири години ќе го носи дресот на НФЛ тимот, Лос Анџелес Ремс. Вредноста на новиот договор изнесува 65 милиони долари, а на Вудс му се загарантирани примања од 32 милиони долари.

Во текот на првите три сезони во тимот од Калифорнија, Вудс беше многу продуктивен. Во просек бележеше 77, 3 фаќања, 1044 освоени јарди и 4,3 тачтауни. Со новиот договор ќе влезе во листата на десетте најплатени играчи во лигата. Тој ќе има примања од рангот на Мајкл Еванс од Тампа Беј и Адам Тилен од Минесота.

Пред неколку дена Ремси направија уште еден голем договор со фаќач. Купер Кап за три години доби договор од 48 милиони долари. Очигледно е дека Ремси во наредниот период сакаат да го зачуваат тимот кој пред две години стигна до Суперболот.

Останува да се види само колку ќе го пробие „селари капот“ ,односно дозволениот износ за плати за играчите. На Корнербек Џејлен, Ремси му дадоа 105 милиони долари за пет години, а кога се знае дека квотербекот Џеред Гуф и дефанзивецот Арон Доналд во наредната сезона ќе добијат 62 милиони, тогаш јасно е дека клубот ќе мора некаде да стави кочница во трошоците.