Повеќедневен ред од граѓани кои сакаат да се збогуваат со кралицата:Брзата помош интервенирала повеќе од 1000 пати

108
Фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN
Само во саботата брзата помош морала да интервенира поради 368 лица од кои 55 се пренесени во болница.
Точниот број на лица на кои им била потребна брза помош е 1078 лица, а 136 се ндесени во болница.
Луѓето кои планираат да патуваат во Весминстер хол, зградата на парламентот каде што се наоѓа телото на кралицата, се предупредени да не доаѓаат за да го „избегнат разочарувањето“,бидејќи е можно да не успеат да ја видат.
Владината служба за култура, медиуми и спорт соопшти на Твитер дека се разгледува можноста кога ќе биде затворен редот за чекање, а најверојатно тоа ќе биде денес попладне.
Можноста да се види ковчегот на кралицата ќе биде завршена утре наутро во 6:30, по локално време, односно, четири часа пред да започне погребот на Елизабета Втора во Весминстерската опатија.