Плинска боца експлодираше во ресторан во Турција: Седуммина загинати, експлозијата била предизвикана

64

Седум лица загинаа во експлозија во ресторан во западна Турција, за која властите изјавија дека најверојатно била предизвикана од плинска боца.

Гувернерот на провинцијата Ајдин Хусеин Аксој изјави дека пет лица се повредени, од кои едно е во критична состојба.

Турскиот министер за правда Бекир Боздаг на Твитер објави дека лицето „кое наводно ја предизвикало експлозијата“ е приведено и дека тројца обвинители спроведуваат истрага.

Аксој изјавил дека работниците во ресторанот укажале дека имало истекување во боцата со плин што се користи за готвење и дека тоа довело до експлозијата.

Турските медиуми јавија дека денеска по експлозија во ресторан избувнал пожар во ќебапчилница во областа Назили во истата провинција.