Пленковиќ: Некои земји плаќаат повеќе за побрзо да дојдат до вакцини

27

На пазарот за вакцини против коронавирусот се врши еден вид на киднапирање, бидејќи има земји кои плаќаат повеќе за да ги добијат, вели хрватскиот премиер.

Андреј Пленковиќ додава дека Хрватска нема да биде меѓу овие земји, но дека очекува американската компанија „Фајзер“ да го почитува договорот за испорака на вакцините. Тој потсети дека Владата минатата недела се согласила дека Хрватска ќе има цврст став оти треба да се почитува динамиката за испорака на вакцини.

-Сега дипломатијата во врска со вакцините малку се смени и се претвори во киднапирање. Одредени земји плаќаат повеќе од договореното. Сè уште не сме се обиделе да набавиме вакцини од други производители, но останавме на она што е договорено, рече премиерот по состанокот на владата.

Тој рече дека Хрватска не размислува директно да контактира со производителот на вакцини, бидејќи смета дека штом ќе се склучи договор, тогаш тоа е завршена работа.

На прашањето дали Хрватска ќе го тужи „Фајзер“ за непочитување на договорот, Пленковиќ вели дека верува оти производителот кој не се придржува кон договорот треба да плаќа казни на државата за нередовна достава.