-Јас ќе бидам татко!!! Вака радосно воскликна пред некој ден популарниот сплитски пејач Петар Грашо. Тој на големо се подготвува за брак (церемонијата ќе се случи на 19 февруари) со својата избраничка Хана Хуљиќ, која ќе го носи презимето Грашо, а која е ќерка на познатиот хитмејкер Тончи Хуљиќ поранешен шеф на сплитската група „Магазин“, во која првата пејачка беше нашата Лиле Николовска. За својот иден дедо, но и за својата идна баба Вјекослава (сопругата на Тончи), пејачот има само пофални зборови:

– Секогаш бевме семејство, сега сме тоа и формално-правно. Ги обожавам тие луѓе, навистина. Многу добро се согласуваат со моите родители. Живееме како сите оние нормални непознати луѓе. Уживаме додека создаваме нови песни. Многу сум среќен што ја имаме таа голема енергија и кога работиме заедно со Вјекослава, која ги пишува прекрасните стихови. Допрва ќе се случуваат големи нови хитови, вели Петар. А, инаку јас и Хана сме благодарни за секој чекор што е направен кон нас. Малку ми е смешно што луѓето нè фаќаат заедно со тие телефоните. Имам 25 години кариера, никогаш не било вака да мораме да се криеме, ниту кога бев со Данијела. Но очигледно на луѓето им недостигаат неколку од овие убави приказни кои сега ми се случуваат со Хана.

Сепак, ќе продолжам да се трудам да си ја задржам приватноста, затоа што сакам луѓето да ме сакаат, пред сè поради моите песни, а не затоа што сум со Хана и што ќе станам татко. На луѓето би им препорачал да не се грижат за мојата спална соба, во која се си функционира онака како што треба. Не треба јавно да се фалам со тоа, раскажа овој навистина популарен поп-пејач, кој и во Македонија има армија свои обожавателки. (Д.М.)