Песков: Постигнување на целите во Украина по дипломатски пат не е можно

138
EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Не е возможно да се постигнат целите во Украина преку политички и дипломатски средства, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Повеќе пати кажавме дека целите на Русија можат да се постигнат политички и дипломатски, а бидејќи во моментов се невозможни, за жал, мора да се постигнат со воени средства, рече Песков, пренесува Спутник.

Тој додаде дека главната работа за Русија е да се исполнат нејзините основни барања – безбедноста на луѓето во новите региони на Русија и безбедноста на Русија во целина.

Песков вели дека воената операција продолжува и дека се водат жестоки битки за Артјомовск.

Војната во поширок контекст, односно конфликтот со непријателските земји и хибридната војна против Русија ќе продолжи и дека општеството треба да се обедини околу претседателот Владимир Путин, наведе Песков.