Кошаркарите на Пелистер го претрпеа и четвртиот пораз во регионалната АБА2 лига, откако во „балонот“ во Сараево загубија од Широки Бријег со минимални 83:82.

Натпреварот од петтото коло во регионалното натпреварување беше тесен уште од самиот старт, а Пелистер беше за нијанса подобар во првиот дел кој го доби со 43:40. Но, потоа резултатската контрола ја имаше противникот, а особено битолчани разочараа со шутот за три поени во второто полувреме, каде не реализираа 17 удари.