По Пекинг и Истанбул и граѓаните на Рим во иднина ќе можат патувањето со метро, да си го платат со пластични шишиња.

Иницијативата наречена “Ricicli + Viaggi” (Рециклирај и патувај) ја покрена градоначалничката Вирџинија Раги. Фазата на тестирање на кампањата ќе трае 12 месеци, а ако се покаже за успешна ќе се прошири и на други станици на метрото.

По воведувањето на сличната кампања во Истанбул и римските корисници на метро ќе можат да заштедат пари и да влијаат врз зачувување на околината.

Принципот е едноставен  – на три станици во Рим (во три зони) патниците ќе можат да рециклираат пластични шишиња во автомати за продажба на билети за возење, а за возврат ќе можат да добија одреден износ на картичката кој подоцна ќе можат да го заменат за билети.

За секое рециклирано шише, корисникот на картичката ќе добие износ од пет центи, што значи за стандарден билет од 1,5 евро, ќе треба да се рециклираат 30 шишиња, независно од големината.