Папата Франциск изјави дека е итно потребно да се создаде поинаков економски модел во кој би биле вклучени сиромашните и маргинализираните.

Во вчерашната видео порака на младински форум во Асизи, папата ги повика младите економисти, претприемачи и бизнисмени да промовираат модели за развој по пандемија, велејќи дека ќе биде најлошо ако, по крајот на пандемијата на коронавирусот , се потоне уште подлабоко во трескавичен конзумеризам и форми на себична самозаштита”.

Наместо тоа, сиромашните треба да бидат поканети да учествуваат во разговорите за создавање на „различен економски наратив“ за кој тој вели дека е итно потребен.

Папата ги повика младите да помогнат во промената на произведствените системите и шеми на потрошувачка за да ги направат поодржливи.

Тој, исто така, изјави дека е време да се избегнуваат модели насочени само кон профит.

Папата изјави дека за време на пандемијата, најмногу се погодени луѓето на маргините на општеството.