Откриена нова комета, „меѓуѕвезден посетител“

116

Научници открија нова комета за која сметаа дека доаѓа од просторот вон нашиот Соларен систем и дека е „меѓуѕвезден посетител“.

Новооткриената комета се движи кон орбитата на Марс. Се проценува дека во пречникот има околу 16 километри.

Кометата се нашла во нашето соседство како „меѓуѕвезден посетител“, а нејзината патека ја утврдил астрономот Генадиј Борисов.

Линијата на движење на „гостинот од далеку“ е многу закривена, а брзината необично голема, што е уште еден од доказите дека кометата потекнува вон просторот на Сончевиот систем.

Се очекува на својот пат целосно да ја заобиколи Земјата. Научниците предвидуваат дека ќе биде видлива само со професионални телескопи следната година, пренесе РТС.

Веста ја потврдиле НАСА и Европската вселенска агенција, од кои најавуваат дека работат на собирање информации за кометата.