Мисиите на американските шпионски гулаби не се повеќе доверлива тајност

248

ЦИА ја отстрани ознаката за тајност од досиеата што откриваат како биле користени гулабите во тајните шпионски мисии во текот на Студената војна. Во документите е опишано како гулабите биле обучувани да фотографираат чувствителни локации во Советскиот сојуз, ама и дека гавраните биле користени да испуштаат уреди за прислушување на праговите од прозрците, а делфини за подводни мисии.

Операцијата од 70-ите години од 20. Век под кодно име Такан ја истражувала употребата на гулабите со минијатурни камери кои автоматски прават фотографии, се наведува во објавените досиеа.

ЦИА го искористила фактот дека гулабот има неверојатна способност, речиси супермоќ, за да може да биде оставен некаде каде што не бил никогаш и да го пронајде патот дома на оддалеченост и од петстотини километри, пренесува Би-Би-Си.

Во рамките на операцијата Такан истражено е користењето на други животни за потребите на разузнавачката служба, па ЦИА тренирала гаврани да испуштаат и повторно да земаат мали објекти со тежина до 40 грама на праговите на прозорците од непристапните згради.


ЦИА, исто така, истражувала дали птиците преселници можат да се користат за поставување сензори со кои било утврдено дали Советскиот Сојуз тестира хемиско оружје.

Се чини дека имало и тестови со некој вид на електрична стимулација на мозокот за кучињата да можат да бидат наведувани далечински, ама многу детали се уште по ознаката на тајноста.

Претходно во операцијата „Акустичка мачка“ се поставувале уреди за прислушување во мачки.

Досиеата откриваат дека ЦИА во текот на 60-ите години од 20. Век се обидувала да користи и делфини за пробив во пристаниште, со или без човек.

Се покажало дека гулабите се најефикасни и во средината на 70-ите години ЦИА почнала да спроведува серија пробни мисии.

Била користена камера вредна 2000 долари, тешка само 35 грама, а фотографиите снимени над квартот Нејви јард во Вашингтон биле исклучително квалитетни.

Експертите оцениле дека квалитетот на фотографииите на кои јасно се гледаат детали на луѓе кои шетаат и во автомобили, е поголем од оние кои во тоа време ги снимале сателитите.


Употребата на гулаби за комуникација е позната со илјадници години, ама тие птици во Првата светска војна почнале да се користат и за собирање известувачки податоци.

Во текот на Втората светска војна, малку познат огранок на британската известувачка служба, МИ14, спуштал гулаби во контејнери со падобран во окупирана Европа.
Повеќе од 1000 гулаби се вратиле со пораки, вклучително со детали за локации за лансирање на ракетите V1 и германските радарски станици.

Пораката на групата на отпорот на Леополд Осветникoт содржела известувачки извештај на 12 страни кој е испратен директно до Винстон Черчил.

По војната специјален Пододбор за гулаби на британската разузнавачка служба ја разгледувал можноста за Студена војна.

Меѓутоа, додека британските операции во голема мера се згаснати, ЦИА го преземала користењето на моќта на гулабите.