Откако за малку ќе се онесвестеше на Евровизија, Лаура Паузини објави дека е заразена со коронавирусот

334

Италијанската пејачка и водителка на овогодинешната Евровизија, Лаура Паузини, објави дека е позитивна на коронавирусот.

Паузини во саботата, за време на финалето почувствувала здравствени проблеми и исчезнала од програмата на неколку минути бидејќи ѝ паднал притисокот и за малку ќе се онесвестила.

Сега таа објави на Инстаграм и откри дека е заразена со кoрона.

– Да, нешто навистина не беше во ред. Од саботата не се чувствувам добро. Мислев дека е предизвикано од насобраниот замор, но не беше така – почна таа и додаде:

– Само што дознав дека сум позитивна на коронавирусот, поради што сум изолирана и не можам да патувам – напиша таа и додаде дека поради тоа нема да може да учествува на концертот „Amor a la Música“ на Флорида.

Паузини беше домаќин на Евровизија со Алесандро и Мика.