Љубовницата на Ричард Шерман, кој е ѕвезда во американскиот фудбал, Реина Вестберг, реши да ги открие сите пикантерии што ги имала со него.

НФЛ-ѕвездата ја изневерил својата сопруга Ешли Мос со која има две деца, а неговата љубовница, Реина, јавно проговори низ каков пекол минала поради тоа.

Шерман ѝ направил дете, но не сака ни да слушне за него. Сепак, се осмелува да ѝ се јави за да преноќи со неа. Ваквото однесување на крајот ја налути оваа девојка, која го објави сето тоа во јавноста, а Шерман се најде во сериозна неволја.

  • Ти доаѓаше кај мене секој ден, а сега имаш образ да кажеш дека детето не е твое. Немаш дадено ниту еден долар од неговото раѓање. Велеше дека ме сакаш, а ме влечеш низ пекол откако дозна дека сум бремена. Вест е твое дете и не го заслужува ова. Доста е веќе – започна Вестберг.

Таа потоа додаде дека НФЛ-играчот воопшто не се грижи за својот потомок.

  • Тој знае за бебето од почеток. Ништо не ми даде, никогаш не купуваше пелени или нешто слично. Неверојатно е што сé уште инсистира да се гледаме и да бидеме во врска. Завршив со него. Болно е, но овој човек се грижи само за себе – додаде Реина.

Ричард Шерман игра на позицијата корнербек, а славата ја стекна играјќи за Сиетл сихокс, со кој го освои и НФЛ-прстенот. Тој пет пати беше играч на Про боул, а покрај за тимот на Сиетл, играше и за Сан Франциско и за Тампа беј.

Овој 34-годишен фудбалер моментално е слободен играч и сé почесто се споменува дека ќе ѝ стави крај на кариерата бидејќи на маса има понуда да стане ТВ-аналитичар.