Отворена изложбата „Неизложените слики“ на Сергеј Андреевски/галерија

479

Во Ликовниот салон на МАНУ, вечерва е отворена изложбата „Неизложени слики“ на македонскиот уметник Сергеј Андреевски. На изложбата се поставени слики, кои до сега не биле изложени пред љубителите на ликовната уметност во земјава.

Дел од сликите се од циклусите „Цвеќулиња“, „Кучињата лаат“, „Коњи“, „Рибари“ кои биле презентирани низ САД, како и во Москва, Берлин, Нирнберг, Љубљана, Сомбор… Дел се изработени на сликарските перформанси на Андреевски (со македонската Филхармонија, со Влатко Стефановски, со „Љубојна“, со Џијан Емин, со „Мајовци“ и со музичари од Германија и Унгарија), други, пак, на гостувања на ликовни колонии и резиденции во светот и дома, а некои од нив од ателјето директно заминале во приватни колекции и институции.

Изложбата ќе биде отворена до 22 ноември.