Османи: Косово до крајот на годината ќе аплицира за членство во ЕУ

23

Косово ќе поднесе барање за членство во Европска Унија до крајот на годинава, изјави денеска во Тирана претседателката на Косово, Вјоса Османи.

– Овде пред сите лидери на ЕУ денеска ќе објавам дека Косово ќе ја поднесе својата апликација за членство во ЕУ до крајот на оваа година, посочи Османи.

Таа истакна дека Косово ги поддржува политиките на ЕУ за надворешни работи и безбедносни прашања, вклучително и „усогласување со санкциите против Русија, како и во отфрлањето на секое малигно влијание на фактори како Русија и Кина“.