Ужас во Тузла: Неколку момчиња силувале врсник, постои сомнение дека се работи за морничав предизвик наТикТок?

155

Во приватен објект во Грачаница, во областа на Тузланскиот кантон, неколку момчиња силувале своj врсник, дознава порталот „Аваз“.

Овој ужасен случај бил пријавен и во полиција.

„Во врска со вашето барање, ве известуваме дека службениците на Полициското одделение на МУП на ТК, во соработка со Обвинителството на кантонот Тузла, ги преземаат потребните мерки и дејствија во врска со настанот кој на 18.11.2022 година бил пријавен во ЈП/ПС Грачаница, кое според пријавителот се случило во приватен објект, а не во просториите на училиштето во Грачаница“, изјавија од Министерството за внатрешни работи на кантонот Тузла за порталот „Аваз.

Како што се додава, со оглед на чувствителноста на истрагата и заштитата на малолетниците, актерите на споменатиот настан, министерството не е во можност да даде повеќе информации.

Според неофицијални информации, наводно станува збор за предизвик на TikTok направен од ученици од основно училиште и, според Аваз, се е снимено со мобилни телефони.