Јапонската тенисерка Наоми Осака со победа го отвори грен-слемот во Њујорк и се пласираше во второто коло на САД Опен, откако со 2-1 во сетови славеше над сонародничката Мисаки Дои.

Освојувачката на овој турнир во 2018 година, иако важеше за голема фаворитка, потешко од очекуваното се избори за ново коло, затоа што мораше во три сета да ја мине првата пречка, односно со 6:2, 5:7, 6:2.

Годинешниот женски турнир во Њујорк е драстично осиромашен во однос на претходните, голем број тенисерки од самиот врв одбија да учествуваат, а меѓу фаворитките својот настап го продолжија уште Кербер, Квитова, Плишкова…