Пилотот на Ред Бул, Холанѓанецот Макс Верстапен, истакна дека не можел да им се закани на двата возачи на Мерцедес – Луис Хамилтон и Валтери Ботас за време на трката за Големата награда на Белгија. Хамилтон триумфираше на патеката „Спа Франкошамп“, Ботас заостана осум секунди, додека Верстапен мина како трет низ целта.

  • Навистина ми беше досадно. Не можев да направам многу, не можев да продолжам со нивното темпо. Во последните осум круга само мислев дека треба да ги спасам гумите. Не можев да уживам во трката. Бев осамен, истакна Холанѓанецот.

Годинешниот шампионат во Формула 1 продолжува следната недела со трката за Големата награда на Италија, на патеката во Монца.