Општина Бутел и Костовски ќе помогнат да се изгради нов дом  

138

Вчера во попладневните часови во пожар изгоре дом на самохрана мајка во Радишани која пред шест месеци го загубила и својот сопруг.

Екипи на Општина Бутел веќе работат на расчистување на просторот

-За миг исчезна делот во кој ова семејство вложувало цел живот а пред 6 месеци нашата сограѓанка по загубата на својот сопруг останува и самохрана мајка. Тешка, тажна и потресна глетка – опишува градоначалникот, Дарко Костовски на својата фејсбук страница.

Тој додава дека ја разбира нивната болка и тешката ситуација во која се наоѓаат и затоа вели дека тој лично од неговите месечни примања ќе издвои за помош, а исто така и Општина Бутел ќе помогне заедно повторно да се изгради нивниот дом.

Градоначалникот Костовски ги повикува и сите општествено одговорни фирми кои се во можност да ме контактираат лично или во порака за заедно да помогнат на оваа самохрана мајка.