„Опсадна“ состојба во училиште во Загреб: Наставничка се заклучила со учениците поради 9-годишник, интервениралаи полицијата

158

Опсадна состојба денеска имало во основно училиште во центарот на Загреб, а на крајот морала да интервенира и полицијата. Наставничката се заклучила во училницата со учениците откако пред неа дошле родителите на 9-годишното момче, за кого родителите и учениците тврдат дека од почетокот на оваа учебна година ги злоставува врсниците. Поради тоа е оддалечен од часовите во последните два месеци.

Денеска тие го донеле девегодишниот син пред училницата и барале момчето да влезе на часот.

Бидејќи тие постапувале агресивно, наставничката се плашела за нивната и за својата безбедност.

– За среќа, наставничката беше присебна и ѝ благодариме за храброста. Ги заклучи нашите деца во училницата и им рече дека тоа е пробна вежба за кризна ситуација. Сите побрзавме во училиштето и сме во шок. Сетете се што се случи во Белград пред една година. Ова е страшно, низ што поминуваме децата и ние со месеци – рекла мајка на еден ученик.

Таа додаде дека кога пристигнала, родителите на момчето седеле пред класот и инсистирале да влезат. Рекоа дека им е преку глава од тоа што нивното дете не оди нормално на училиште со другите деца. Во тоа време директорката се уште не била во училиштето, пишува „Јутарњи лист“.

Полицајците разговарале со родителите кога пристигнале, а потоа со нив го напуштиле училиштето.

Директорката на училиштето за „Јутарњи лист“ го потврди инцидентот и рече дека родителите на момчето редовно се однесуваат агресивно.

– Наставничката беше исплашена и не беше сигурна дека нема да направат нешто со сила. Повикавме полиција – рече таа.