Онлајн промоција на книгата „Будимир и ретките животни“ од Зоран Пеневски

84

„Будимир и ретките животни“ е новата книга за деца од Зоран Пеневски, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, која ќе има онлајн промоција на 18 јуни (четврток), во 19 часот. Промоцијата ќе се одвива на платформата „Зум“ (Zoom), а ќе може да се проследи на „Фејсбук“ преку профилот на „Литература.мк“.

Станува збор за интересна книга, наменета за сите љубопитни деца, кои сакаат да дознаат повеќе за ретките животни. Приказната се движи околу Будимир. Благодарение на нотесот на неговиот татко, Будимир собира шест ретки животни, а секое од нив е последниот примерок од својот вид. Но, како да се живее со една зајадлива птица и со другите палави суштества покрај секојдневните обврски? Авантурата почнува кога сите ќе тргнат во посета на Домот за стари лица… Духовита приказна што нè потсетува на тоа дека нас, како луѓе, нè определува и нашиот однос кон животните.

Книгата „Будимир и ретките животни“ најпрвин е објавена во 2013 година, на српски јазик во издание на „Креативни центар“.

Инаку, Зоран Пеневски е писател, сценарист и преведувач. Автор е на романите „Лектор“ (СКЦ Нови Сад, 2015), „Траги од отсуство“ (Океан, 2008), „Помалку важни злосторства“…