Пејачот Масимо Савиќ, гостувајќи во програмата на Радио Далмација, рече дека се дружи со мал круг луѓе со кои работи, затоа што во неговата професија има страшно многу идиоти.

Кога сум во друштво, јас сум мешавина од интроверти и екстроверти. Срамежлив сум, а во исто време имам желба да кажам нешто смешно. Се дружам со луѓето со кои работам, но тоа е многу мал круг. За жал, тој круг е сè помал и помал бидејќи во мојата професија има страшно многу идиоти,  себични идиоти на кои им е важно да се појавуваат во  весниците. Ним не им е важно што немаат 100 евра во паричник, но не им е грижа – тој е познат, тој е популарен. Тоа е една тотално искривена ситуација, порача тој.

Масимо истакна дека на неговите концерти никогаш не дошло до тепачка ниту до гласна кавга. „Не постои такво нешто затоа што јас асоцирам на нешто сосема поразлично. Ти се случува она на што асоцираш, а јас се надевам дека асоцирам на нешто добро“.