По состанокот на претставниците на ФИБА, организаторите на Олимписките игри во Париз донесоа одлука кошаркарскиот турнир да се игра во Лил наместо во престолнината на Франција.

Според најавите, станува збор само за групната фаза по која нокаут-мечевите би се преселиле во Париз, а би се играле на стадионот на Лил – „Пјер Моро“, кој е мултифункционален и може да се трансформира и за кошаркарски и за тениски натпревари.