Мика Ричардс некогаш важеше за еден од најдобрите десни бекови на светот, а само неколку години подоцна беше запознаен со „темната страна“ на фудбалот.

Поранешниот десен бек на Манчестер Сити го одигра својот последен натпревар за Астон Вила во октомври 2016 година, кога имаше само 28 години. Тој во моментов работи за британски „Би – Би – Си, а во автобиографијата откри за сите работи коj гo движеа од освојување на титулата со „граѓаните“ до предвременото пензионирање само неколку години подоцна.

„Ти само ги сакаш парите, не го почитуваш овој дрес, ти си вирус, го убиваш овој клуб…“, беа коментарите кои ги доби Ричардс на социјалните мрежи непосредно пред да и стави крај на својата кариера.

-Се прашував дали ми зборуваат бидејќи знаат од каде доаѓам, колку напорно работев и каква личност сум. Но, кога сте фудбалер кој е повреден, особено колку што бев јас, тогаш ја откривате темната страна на оваа игра. Бев осамен долго време и не знаев како да се извлечам од оваа ситуација, наведува Ричардс.

 Ти само ги сакаш парите, не го почитуваш овој дрес, ти си вирус, го убиваш овој клуб…, беа коментарите кои ги доби Мика Ричардс на социјалните мрежи непосредно пред да стави крај на својата кариера

На самиот почеток на неговата кариера момчето од Бирмингем покажа дека е многу талентиран фудбалер, но и некој со енигма во себе. Својата јуниорска кариера ја започна во Лидс играјќи како напаѓач, но беше отпуштен кога имаше осум години. Дојде во Манчестер Сити на 14-годишна возраст и го направи своето клупско деби на 17 години. Дебито на Ричардс беше во 2005 година, но неговиот углед започна драстично да се подигнува, исто како и Сити, кога почнаа вложувањата во клубот.

Мика е еден од оние играчи кои пораснаа во Сити, а воедно успеа да се натпреварува за место во клубот. Кога дојдоа скапите засилувања, прерасна во најомилениот играч во тимот и еден од најдобрите на својата позиција во светот.

Во 2012 година, Ричардс, на 24 години, беше избран во потесниот избор за репрезентативец на сезоната, завршувајќи ја годината со пет асистенции, повеќе од кој било друг дефанзивец во Премиер лигата. Сезоните 2012/13 беа проследени со првата голема пешадија. Мика одигра само осум натпревари, во однос на 37 од претходната сезона, и ништо не беше подобар во наредната 2013/14 сезона. Тој комплетно го загуби местото во тимот поради извонредниот Пабло Забалета. Повредите не престанаа, а една година подоцна заврши во Фиорентина на позајмица. Одигра 19 натпревари за „виолетовите“, така што Италијанците не ни помислија да го откупат. Следеше трансфер во Вила и „повторно раѓање“. Ричардс не беше на претходното ниво, но одигра 28 натпревари. Неговиот клуб испадна од Премеир, а Мика се соочи со нови проблеми. Наредната сезона одигра само три натпревари.

-Јас сè уште сакав да играм фудбал, но се борев со себе затоа што верував дека коленото никогаш нема да биде доволно добро за такво нешто. Ги фрустрирав навивачите и потоа дојдов до заклучок дека ниту еден клуб не ме сака. Не ги видов моите соиграчи повторно, затоа што не тренирав со нив, а и кога се гледавме разговаравме за моите повреди. Немав можност за друг избор, морав да се пензиониран, откри Ричардс.

Од тој момент Ричардс сфати дека потребна му е помош од психијатар.

-Вие, како играч, се грижите за многу работи. Но, фудбалерите го кријат тоа. Играв со фудбалери кои беа депресивни, но слушнав како луѓето велат: „Тој ќе биде добро”. Вие сте еден вид човек што луѓето го бараат, а истите луѓе не знаат што да кажат кога работите не одат во вистинската насока, дури и кога треба само некој да ве повика и да ве праша како сте?, додаде Ричардс.

„Ахиловата тетива“ на Ричардс беше коленото. Како и кај повеќето играчи со хронични проблеми, но на него првиот проблем му се појавил во тинејџерските денови. Момчето од Бирмингем не можел глава да крене од повреди.

-Имав толку многу стартови на секој натпревар, поради кои го повредив коленото.

На почетокот на 2008 година, кога имав 19 години и играв за Англија, го живеев својот сон. Уживав во секоја минута, а по еден натпревар се чувствував како колено да ми е отсечено. Постојано играв со болка, а кога отидов на доктор, ми рекоа дека не се работи за ништо страшно, се присети десниот бек.

Со Сити во сезоната 2012/13, под менаџирање на Роберто Манчини, Мика ја освои титулата, а следната сезона излегоа на виделина проблемите со кои се соочувал во изминатите пет години.

-На почетокот на таа сезона, за време на натпреварот против Свонси, се разболев. Веднаш знаев дека нешто не е во ред затоа што коленото ми се закочи и не можев да одам како што треба, открива Ричардс.

Како и обично што се случува, повредите на останатите делови од телото се надоврзуваа на коленото. Тоа значеше и далеку помала минутажа на теренот, а како доаѓаа останатите фудбалери – новајлии, така неговото место во тимот исчезнуваше. Набргу потоа Ричардс ги скина лигаментите за време на престојот во Астон Вила, а менаџерот кој бескрајно му веруваше, Стив Брус, се разочара. Неколку дена подоцна Мика објави крај на кариерата.

Ричардс моментно работи како фудбалски стручњак, и како што вели, може да ја согледа ситуацијата од друг агол. Има само 31 година, но е поискусен од многу други играчи од него.