Од цунами среде базен во Кина повредени 44 луѓе/видео

166

Аква-парковите во Кина како и секое лето се преполни со луѓе кои доаѓаат да се разладат поради големите жештини. Особено се популарни и претставуваат вистинска атракција базените кои прават вештачки бранови.

Меѓутоа, во забавниот парк Шуијун, во провинцијата Џилин во Кина се случил вистински хаос кога капачите ги собра огромен бран од 3 метри.

Повредени се дури 44 лица, а многу посетители почнаа да бегаат во паника кога го видоа ова изненадувачко „цунами“. Неколкумина се хоспитализирани поради скршеници и други повреди.

Се смета дека механичка грешка довела до настанување на огромен бран, а базенот ќе биде затворен неколку дена додека траат поправките.