Цела плажа во Улцин во став мирно на „Хеј Словени“/видео

479

На една плажа во Улцин, Црна Гора, преку разглас била пуштена химната на некогашната СФРЈ, „Хеј Словени.

На видеото кое се појави на социјалните мрежи се забележува дека од почетокот на композицијата, па сѐ до завршувањето сите присутни во барот на плажата од каде што се пушти химната, но и посетителите на плажата застанаа на нозе и мирно го проследија интонирањето на химната на некогашната заедничка држава.

Интересно е што, како што се гледа и на снимката, на химната стоеле и помладите гости, кои веројатно химната на некогашната заедничка држава ја знаат само од раскажувањето на постарите.