Роб Маршал, по 17 години, повеќе нема да биде главен инженер на Ред бул бидејќи се сели во Мекларен. Тој работеше во Рено во 2005 и 2006 година, кога Фернандо Алонсо ја освои титулата, а беше одговорен за освојувањето на титулата и кај конструкторите. Сега ќе биде технички директор и главен инженер на Мекларен.

Маршал беше главен дизајнер на Ред бул од 2010 до 2013 година, кога Себастијан Фетел беше шампион, а од неодамна имаше многу поважна улога – шеф на инженерскиот тим.

Андреа Стела неодамна стана првиот човек на Мекларен и негова голема желба беше да го доведе Роб Маршал, што на крајот и се случи. Дел од Мекларен неодамна станаа и Жил де Феран и Џејмс Ки, како и Давид Санчез кој го напушти Ферари, па јасно е дека таму се прави моќен тим.