Жената која тврди дека Бајден сексуално ја вознемирувал побегна во Русија: „Првпат се чувствувам безбедно“

611

Поранешната членка на персоналот, која го обвини американскиот претседател Џо Бајден за сексуален напад, пребегна во Москва. Според Си-Ен-Ен, Тара Рид се најде на насловните страници за време на претседателската трка во 2020 година кога го обвини Бајден дека сексуално ја нападнал кога работела во неговата канцеларија во Сенатот во 1993 година.

Американскиот претседател ги отфрли нејзините обвинувања, а во меѓувреме никој кој работеше во канцелариите на Бајден не потврди дека биле сведоци или слушнале нешто за малтретирањето.

Сега Рид се појави на прес конференција во Москва, каде седеше до осудената шпионка Марија Бутина и одговараше на прашања од руските медиуми. Бутина во 2019 година беше осудена на 18 месеци затвор во САД поради заговор, а денес е пратеник на партијата на Путин во рускиот парламент.

Тара Рид рече дека одлучила да дојде во Русија поради смртните закани што ги добила оваа година, откако ги повтори наводите против Бајден и рече дека е подготвена да сведочи под заклетва пред Конгресот.

„Кога излегов од авионот во Москва, првпат по долго време се чувствував безбедно и почитувано. Тоа не ми се случи во мојата родна земја“, додаде таа.
Таа посочи дека „илузијата за Русија како непријател ја пропагира дел од вашингтонската елита, чија намера е да предизвика проблеми“.