Од поплавите во Индонезија погодени над 100.000 лица

44

Во индонезиската провинција Западна Јава поројните врнежи од дожд предизвикаа поплави од кои се погодени повеќе од 100.000 лица

Во индонезиската провинција Западна Јава поројните врнежи од дожд предизвикаа поплави од кои се погодени повеќе од 100.000 лица. Според веста што ја објави индонезиската агенција „Антара“, поројните врнежи од дожд, што започнаа во неделата и во провинцијата Западна Јава го зафатија подрачјето на главниот град Бандунг, предизвикаа поплави во 7 региони,пренесува aгенцијата Анадолија.

Буди Будиман Вахју, претставник на Агенцијата за намалување катастрофи на Западна Јава, соопшти дека од поплавите се погодени 101.644 лица, а 3.298 лица се евакуирани поради оштетувања на нивните домови.

Вахју истакна дека во тек е евакуација на лицата погодени од поплавите на ниво на целиот регион.

Индонезија, која се наоѓа во екваторскиот појас, често е зафатена од поплави и свлечишта предизвикани од поројните дождови, особено во периодот од октомври до април.