Завршниот турнир во кошаркарската Евролига следната сезона ќе се игра во германски Келн, соопштија од најеминентното клупско кошаркарско натпреварување во Европа. Финалниот турнир во Евролига ќе биде на програмата од 22-24 мај, а натпреварите ќе се играат во „Ланксес“ арената.

  • Горди сме што наредниот Ф4 турнир ќе се игра во Келн. По Прага 2006, Париз 2010, Лондон 2013, повторно избравме локација на која до сега не сме била, изјави првиот човек на Евролига, Џорди Бартомеу.