Пет години поминаа откако кошаркарскиот тим на Барселона последен пат беше шампион во Шпанија, а девет откако ја освои титулата во Евролига. За Каталонците тоа е долг период, па ова лето одлучија сериозно да се засилат се со цел да го прекинат шампионскиот пост.

Барселона прво го донесе Кори Хигинс од шампинот во Евролига, екипата на ЦСКА од Москва, го врати својот поранешен играч, Алекс Абрињес, како и Брендон Дејвис од Жалгирис, а на крајот дојде уште една „бомба“ во „Блауграна“ – Никола Миротиќ, кој пристигна од НБА лигата.

Со новиот ростер кој го има Барселона комотно може да игра во силната НБА лига. Еве како изгледа составот на Каталонците за следната сезона: Томаш Ертел, Кевин Пангос, Кори Хигинс, Кајл Куриќ, Пау Рибас, Алекс Абрињес, Адам Ханга, Роналдс Шмит, Никола Миротиќ, Виктор Клавер, Пјер Ориола, Брендон Дејвис, Анте Томиќ и Артем Пустовиј.